Ценовник
Во светот на преселбите нема фиксни табели или стандарден ценовник – секоја преселба е уникатна приказна. Некои станови се на висок кат без лифт, други на приземје, а понекогаш лифтот е премал за целокупниот инвентар. Исто така, некои објекти имаат тешко достапен пристап за товарни возила.
DS Preselbi нуди фер и персонализирана проценка на цената за вашата селидба. Нашите експерти можат да извршат бесплатен увид на лице место за да добиете најреална понуда, или, ако ви е поудобно, преку фотографии на вашиот инвентар кои можете да ги испратите на Viber, WhatsApp или Email.
Главни фактори што ја формираат цената:
- Количината на вашиот инвентар
- Од каде до каде се пренесуваат вашите работи
- Катот на кој се наоѓа станот
- Достапноста и големината на лифтот
- Потреба од демонтажа и монтажа на плакари, спални, кујни или полици
Преселете се без стрес – со нас вашиот инвентар е во сигурни раце.
DS Preselbi – Пресели се паметно, живеј без мака!